Skip to content

Бидете среќни во Новата Година, зошто среќата е наша судбина!

Заминува една година полна со многу неочекувани очекувања. Година кога секојдневно неочекуваното куцнуваше на нашите врати. Ќе речеме дека животот е склоп од неочекувани очекувања, но годинава беше за мене полна со изненадувања кои никогаш не сум ги очекувала, би рекла лекции од кои многу научив и кои ја сменија мојата свест.

Моите соништа станаа поголеми и научив вистински да сакам, да го сакам секој момент од мојот живот. Научив да заборавам, да го заборавам сé она што треба да се заборави. Да ја отворам длабочината на мојата душа и да ги извадам сите желби кои таму долго останале скриени, оние кои се плашеле од авантура, од љубов, од внатрешна слобода и воспoстување искрена врска со себеси и другите.

Да, оние желби кои само мене ме препознаваат, кои се само мои и кои треба да ме обликуваат и да го прикажат моето вистинско Јас пред светот. Оние желби кои ми биле предодредени од самиот универзум, но јас секогаш сум ги негирала и сум била сигурна дека не можам да ги остварам.  Но, сега се одлучив да ги остварам, зошто овој живот е само мој и не припаѓа никому друг!

Затоа во Новата Година ви посакувам никогаш да не престанувате да замислувате нови желби и да ги препознавате оние кои се лични ваши.  Барајте ја секогаш љубовта, онаа која се наоѓа во малите нешта во животот! Не отстапувајте пред препреките зошто животот е тешка битка и една голема авантура која знае да донесе многу изненадувања, но кога ќе сфатите дека љубовта се крие во сé, во сите нешта кои секојдневно ги правиме и кога сé правиме со љубов тогаш сте на вистинскиот пат!

Бидете секогаш свои и среќни зошто среќата е нашата вистинска судбина!

 

Напишете коментар