Skip to content

Писатели, поети, стихови: Го испраќаме декември

Вечерва го испраќаме декември и воедно ја дочекуваме новата календарска година, па по тој повод ви подготвивме десет избрани квоти и стихови посветени токму на декември. Уживајте во читањето.

Писатели, поети, стихови: Го испраќаме декември

1. „Еј декември, изгледа се чувствувам несигурно,
не можам да се сетам
за што се имам борено“. – Тејлор Свифт, Evermore

2. „Слушнав птица како пее во темнината на декември;
Магично нешто и прекрасно за сеќавање;
Поблиску сме до пролетта отколку до септември,
Слушнав птица како пее во темнината на декември“. – Оливер Херфорд

3. „Некој ме праша кога ми е роденден?
Поетот во мене одговори,
„Роденденот ми е на последниот ден од годината,
на 31-ви декември, најмили!“ – Анамика Мисхра

4. „Беспрекорното студенило на декември, чувствувам, е топло. Декември, чувствувам, е како крв“. – Зинаида Хипус

5. „Трепкам со трепките на јануари и ги полевам образите на декември“. – Санобар Хан

6. „Декември е и никој не праша дали сум спремна“. – Сара Кеј

7. „Врнеше снег. Секогаш врнеше на Божиќ. Декември, во моите сеќавања, беше бел како Лапонија, само што немаше ирваси. Ама имаше мачки“. – Дилан Томас

8. „Дојдов да ти пеам песна наречена Декември“. – Рајан Марфи

9. „Декември, како последниот месец од годината, не може а да не не натера да размислуваме за она што допрва доаѓа“. – Фенел Хадсон

10.  „Еве ги моите планови за следните 3 месеци; следниот круг од годината.
Да немам ниту еден. Да не бидам врзана.
Да бидам слободна и љубезна со себе, да не предизвикувам луѓе: да седам сама и да читам во студиото.
Да направам добра работа од Брановите
Да ја запрам иритацијата со уверувањето дека ништо не е вредно иритација (се мисли на Нели).
Некогаш да читам, некогаш да не читам.
Да излегувам, да – но да останам дома и покрај тоа што ќе сум поканета.
Што се однесува до облека, да се купи нова“. – Вирџинија Вулф (2-ри јануари, 1931-ва),  Дневникот на Вирџинија Вулф: Том V,  1936-1941

Прочитајте и „10 цитати од 10 писатели и поети за прекрасниот ноември“.

Напишете коментар