Те најдов во Сонетниот венец и отплетив песна
Чекорам напред кон твојата словенечка грутка лесна
Кај цркви словенечки чијшто камбани ѕвонат
И од дамнина пламен за слобода чезнеат и ронат.
Овде се Бохињ, Соча, Пиран и Блед
Каде се успала безгрешната Мајка под островски лед
Постојна е таа јама што долж Пивка се крие
Кон крајбрежјето на син Јадран твојте шуми ги лие.
Над твојот Триглав надлетуваше црн орел
Но се избори со вековита поробеност и сега лета гулаб бел
Прангите ги прати во заборав ти словенечка земјо
Те славам со здравицата на Прешерн и вино налејно.
![](https://i0.wp.com/krajbrezje.mk/wp-content/uploads/2021/04/Maja-Mal..jpg?resize=100%2C100&ssl=1)
Вљубеник во книжевноста кој верува во светлината на зборот и на љубовта.