Skip to content

Жак Превер – Таа љубов

Таа љубов

Толку силна

Толку трепетна

Толку нежна

Толку очајна

Таа љубов

Убава како ден

И грда како времето

Таа љубов толку вистинска

Таа љубов толку прекрасна

толку среќна

Толку весела

И толку жалосна

Треперејќи од страв како дете в мрак

А толку сигурна во себеси

Како спокоен човек во ноќта

Таа љубов која предизвикувала

јанѕа кај другите

Ги прогонувала да зборуваат

Ги принудувала да бледнееат

Зошто тие други ние сме ги демнеле

гонети, ранувани, газени, дотолчувани

порекнувани, заборавани

Таа љубов цела целосна

Уште толку жива

И сета осветлена

Тоа е твојата љубов

Тоа е мојата љубов

Таа што беше

Тоа чувство е секогаш ново

И не се изменило

Толку е вистинско како некоја билка

Толку треперливо како некоја птица

Толку топло и живо како лето

Можеме двајцата

Да одиме и да се вратиме

Можеме да заборавиме

Потоа пак да заспиеме

И да се разбудиме да страдаме да бдееме

Повторно да заспиеме

Да ја сониме и смртта

Потоа да се разбудиме

Да се насмевнеме и да се смееме

И да се подмладиме

Нашата љубов тука застанува

Букоглава како магаре

Жива како желба

Свирепа како намнисување

Глупа како каење

Нежна како спомен

Студена како мермер

Убава како ден

Миловидна како дете

Нѐ гледа и ни се насмевнува

И кажува многу не велејќи ништо

А јас јас слушам треперејќи

И викам арлукам

За тебе и за себе

И те проколнувам

За тебе за себе и за оние кои се љубат

И кои се љубеле

Остани тука

Тука каде што си

Каде што си била некогаш

Не мрдај

Не оди си

Ние кои сме љубеле

Ние те заборавивме

Но ти не заборавај не нас

Зошто немаме друга освен тебе на земјата

Не дозволувај да станеме студени

Да се оддалечуваме се повеќе

Да одиме каде било

Дај ни знак дека си жива

А подоцна на работ од некој честар

Во шумата на споменот

Појави се одветрум

Подај ни ја раката

И спаси нѐнас.