Алберт Ајнштајн е германски теоретски физичар, најпознат по неговата Теорија на релативноста и Теоријата за еднаквост на масата и енергијата. Добропознатата формла ја измислил токму тој. Ајнштајн ја добил Нобеловата награда за физика во 1921 година за „неговата работа во полето на теориската физика, а особено за неговото откритие на фотоелектричниот ефект“.
Прочитајте неколку цитати од еден од најголемите умови во историјата кои нема да ве остават рамнодушни. Починал на денешен ден во 1955 година. Останува да биде запаметен како голем пацифист и поборник за човековите права.
1. „Единствената работа којашто ми пречи во учењето, е моето образование.“
2. „Мирот не може да се постигне преку сила. Единствено преку разбирање.“
3. „Најубавите работи во животот не се оние кои ги добиваме со пари.“
4. „Вистинскиот знак на интелигенција не е знаењето, туку имагинацијата“.
5. „Никогаш не размислувам за иднината. И онака доволно брзо доаѓа.“
6. „Науката без религија е бесмислена, религијата без наука е слепа.“
7. „Постојат два начини да го живеете својот живот: Едниот е да верувате во чуда, другиот, да не верувате во чуда.“
8. „Ако А е успех во животот, тогаш А=X+Y+Z. Во равенката, X е работа, Y е забава, а Z е да ја држите устата затворена.“
9. „Животот е како возење велосипед. За да ја одржите рамнотежата, треба да продолжите да се движите“.
10. „Само две работи се бесконечни, универзумот и човечката глупост. Не сум баш сигурен за универзумот.“
11. „Умот е како падобран – работи само ако е отворен“.
12. „Ако сакате да живеете среќен живот, врзете го за цел, а не за луѓе или нешта“.
13. „Кој никогаш не погрешил, никогаш не пробал ништо ново.“
14. „Кога мажот седи еден час со убава девојка, тоа изгледа како минута. Но, нека седи една минута на жежок шпорет – ќе изгледа подолго од еден час: тоа е релативност“.
15. „Оној кој ги цени вредностите на културата, не може да не биде пацифист.“
Прочитајте ги и цитатите од Томас Харди.
Вљубеник во книжевноста кој верува во светлината на зборот и на љубовта.