Skip to content

Само мој – Викторија Стојовска

Од таа ноќ, не постоеја утра за мене.

Веќе сонцето не изгреваше врз моето лице,

се затворив во себе си и во своите четири ѕида на самотијата

и чекав да дојде ноќ за да го видам пак.

Заспивав со помислата дека можеби ќе го пронајдам таму во соништата.

Кога тој замина зеде сè со себе.

Секој дел од мене.

Така е секогаш во љубовта најтоплиот почеток секогаш завршува со најстуден крај.

Така и ние завршивме.

Јас тука тој таму.

Не дели еден живот во кои нема да припаѓаме еден на друг.

Веќе заборавот ни се заканува,

ќе пушти сè што имавме,

секој бакнеж,

секоја прегратка.

Понекогаш така е најдобро,

велат ќе помине,

времето ќе го избирише.

Но што ми вредат и илјада години,

што ми вреди и вечност кога не постои гума за спомени?

Велат ќе боли сега ама утре ќе помине.

Ќе помине да но лузната ќе остане.

Ќе остане горчината која ќе ме труе полека секој ден кога ќе помислам дека не ни беше судено.

А најповеќе ќе ме боли тоа што не знам како му е нему.

Дали и тој заборавил?

Таа дистанца меѓу нас секогаш ќе ги крие одговорите на прашањата од кои зависи љубовта,

од кои зависиме ние.

И додека чекам да пронајдам одговор сè повеќе ме боли тишината.

Но и знам дека го чувам сигурен во срцево,

знам дека никој и ништо не може да го оттргне од таму…

а што чувствува тој нема никогаш да дознаам…

И ќе го слушам тоа болно: „Ќе помине“

сè додека не се помирам со фактот дека него повеќе го нема во мојов живот

или додека не се врати.

Но до тогаш сè уште ќе верувам,

макар и лага да е,

макар и да сонувам.

Во љубовта кога сè завршува,

надежта е единственото нешто за верба што преостанува.

Како молитва на болниот.

Како утеха на заљубениот.