Skip to content

Времето е патоказ – Наталија Наумовска

Времето е патоказ

по него животот ни се мери,

честопати на пред и потоа ни се дели

а ние остануваме прашувајќи се

„уште колку време имаме?“

Времето не те прашува дали можеш

ниту дали знаеш, умееш,

само дава одговори,

одговара прашања и решава ребуси.

Времето не е живо битие,

не зборува, а многу кажува,

молчи, а всушност гласно говори

сè она што ние луѓето го премолчуваме.

Времето е тивок часовник

на секоја животна битка пред нас

за секоја брчка по кожата

нежно остава животен печат неизбришлив.