Skip to content

Експериментот на Зимбардо – најстрашниот експеримент кој обичните луѓе ги претворил во злосторници

Експериментот на американскиот психолог Зимбардо траел само шест дена. Во текот на таа неполна недела почнал да го покажува толку страшното лице на учесниците и затоа морал да биде прекинат. Бил прогласен за неетички и повеќе никогаш не е повторен. Денес важи за еден од најсуровите покази во историјата и динамиката измеѓу чуварите и затворениците во затворите.

За да се спроведе ова истражување, познато како Затворски експеримент во Стенфорд, Зимбардо собрал 24 момчиња во Џордан од Универзитетот Стенфорд и им ја објаснил својата замисла. Му биле потребни во наредните две недели да учествуваат во многу необичен и крајно неортодоксен експеримент.

Зимбардо и неговите колеги го претвориле во лажен затвор подрумот на една зграда каде тие ќе биле „управители“. Што се однесувало до момчињата, тие требало да “играат“ чувари или затвореници спрема улогата која ќе им била доделена произволно. За учеството би добиле и надокнада од 15 долари на ден.

Момчињата не биле случајно одбрани. Се јавиле на оглас и после тоа биле подробно испитани Учеството им било забрането на оние кои имале некакво досие како и на оние со проблематично однесување. Сите момчиња биле здрави, никогаш не покажувале склоност кон насилство и важеле за добри студенти.

Сè делувало прилично лесно, како вежба “играње улога“, а учесниите во било кој момент можеле да побараат да го напуштат експериментот и да излезат. Или барем така им било ветено.

Шест пеколни денови 

13. август 1971 година, ноќ пред почеток на експериментот, Зимбардо им ги објаснил правилата на своите “чувари“. Било потребно да обезбедат деноноќен надзор на затворениците, што значело дека ќе бидат поделени во три смени по осум часови. Добиле војнички униформи, наочари за сонце и палки, иако експлицитно им било речено дека не смеат да удираат или на било каков начин физички да ги злоставуваат затворениците.

Следниот ден, припадниците на вистинската полиција која прифатила да земе учество во експериментот, пошле во домовите на одредените испитаници што требало да се затворат и ги одвеле во притвор. Таму биле претресени, им зеле отпечатоци од прстите и биле сликани фотографии. Потоа биле пренеси во кампусот и спроведени во подрум каде ги чекале стражарите. Наместо имиња добиле броеви за да биде стекнат впечаток на што поглема дехуманизација.

Првиот ден од експериментот протекол релативно без случувања, но веќе ноќта донесла промени. Стражарите одлучиле да ги казнат некои од затворениците така што ги извадиле душеците од ќелиите, ги натерале да спијат на ладниот бетон и правеле галама за да им го нарушат сонот.

Бунтовништво и немоќност

До попладнето следниот ден, еден од затворениците имал нервен слом и морал да го напушти експеримнетот, но не пред лажното “сослушување за условна слобода“ и престој во “самица“ (која всушност била ормар за метлли). Процесот на “ослободување“ според Зимбардовата идеја намерно бил долг и напорен за да се создаде впечаток дека затворениците се беспомошни, а стражарите и управникот семоќни.

Тогаш останатите затвореници почнале да се бунат. Грубото постапување на стражарите предизвикало револт. Наредбите престанале да се следат, не се јавувале кога бил повикан нивниот број, а неколку од нив ги забарикадирале ќелиите. Во суштина тоа било бунтовништо. Тогаш и чуварите почнале да на покажуваат својата насилна страна. Иако можеле слободно да си одат дома на крајот на смената многумина останале “прекувремено“ за да ги сузбијат немирите.

Кога клиничкиот персонал кој го следел експериментот заминал, се случил пекол! Стражарите почнале да ги тепаат затворениците, ги туркале во ќелиите за да се створи гужва, а оние за кои се претпоставувало дека се водачи на побуната биле затворени во самица. Затворениците биле терани со часови да стојат голи во неудобни положби. Не им биле дозволувано да употребуваат тоалет па немсто тоа им дале канта која намерно ја оставале во ќелијата преку ноќ.

Трет и четврт ден

Третиот ден, Зимбардо забележал дека околу една третина од чуварите покажуваат знаци на вистински садизам измислувајќи нови облици на казнување на кои ги поттикнувале и другите чувари. Но ни тој не бил недопрен бидеќи и самиот станал вознемирувачки заронет во експериментот, а цела објективност исчезнала. Се заробил себеси во својата мрачна фантазија и не го прекинал експериментот.

До четвртиот ден, некои од затворениците биле самоубиствено настроени и целосно го изгубиле чувството за реалност и ја прифатиле својата положба. Експериментот бил толку страшен што морал да биде прекинат!

Стендфордскиот затворски експеримент завршил шестиот ден кога Зимбардо ја довел својата девојка во лажниот затвор како набљудувач. Дваесетгодишната Кристина Маслач, дипломиран психолог, “свежа крв“ и личност која дошла од надворешниот, реален свет – била згрозена! Нејзинио шок и гадењето послужиле како повик за будење на Зимбардо. Објавил дека експериментот е завршен. Веста видно ги разочарала чуварите, досега веќе целосно биле навикнати на моќта која им била доделена.

Моралноста на експериментот доведена во прашање

Зимбардо подоцна забележал дека и покрај повеќе од 50 луѓе кои го набљудувале експериментот, Маслач била единствена која ја довела во прашање моралноста на експериментот. Зимбардо ги пријавил своите заклучoци од експериментот на американскиот комитет за правосудство и покрај оспорувањата и критиките, тие му донесле слава бидејќи докажал дека надворешните услови, а не личноста на поединецот ја одредуваат реакцијата на луѓето под стрес.

Речиси без принуда и со многу малку убедување луѓето кои пред тоа немале никаква историја на насилство станале садисти подготвени да извршат ужасни злосторства над вчерашните колеги и пријатели. Од друга страна, затворениците трпеле насилство целосно прифаќајќи ја улогата на жртва. После само неколку дена биле скршени, а рутината на затворскиот живот ја прифатиле како нормална.

Иако резултатите на експериментот на крајот имале длабоко влијание на американскиот затворски систем истовремено послужиле како мрачен доказ дека кога луѓето се чувствуваат доволно моќни и се ослободени од одговорност, многу лесно можат да започнат злосторства кои под нормални околности никогаш не би ги почнале.

За експериментот, резултатите и сè што ги следело досега се снимени и некоку филмови (играни и документарци).