Skip to content

Спомен – Наталија Наумовска

Врамена слика стои на ѕидот валкан
во собата каде одамна не влегол никој
на сликата едно минато се прикажува
прашината ѕирка, по споменот се тагува.

Во другата соба стои маса расклатена
од човечка рака одамна недопрена
со пајажина и прав место чаршав распослана
од четири столици останати се само две
едната без една ногалка другата без потпирач
бледи сенки на некогашно постоење.

Напишете коментар