Skip to content

Еднаш некому ќе бидам потребна – Наталија Наумовска

Еднаш некому ќе бидам потребна,
така лесно, едноставно како пердув,
без ограничувања, пречки и стереотипи,
еднаш некому ќе бидам потребна.

Еднаш некому ќе бидам потребна,
со сигурност, цврсто и непречливо,
без отстапувања, предомислувања и сомнежи
еднаш некому ќе бидам потребна.

Еднаш некому ќе бидам потребна,
како извор, како планина, како почва
што се раѓа одново и одново,
како вода, како роса, како рамо
на кое ќе може секогаш да се потпре,
еднаш некому ќе бидам потребна.

Еднаш некому ќе бидам потребна,
доволна, единствена, неповторлива,
која се случува еднаш во животот,
потребна како воздух, како сонце,
како темна месечина пред заспивање
еднаш некому ќе бидам потребна.

Напишете коментар