Skip to content

Еуџенио Монтале – Сирија

Еуџенио Монтале е едно од најголемите поетски имиња на 20 век, еден од потписниците на антифашистичката декларација на Бенедето Кроче што ја потпишаа истакнати италијански интелектуалци во 1925 год. Според Монтале, целта на поезијата е нешто кое треба да се изрази посилно од речта. Можеби затоа е најпознат претставник на италијанскиот херметизам.

Тој е добитник е на „Златниот венец“ на Струшките вечери на поезијата во 1973 година и на Нобеловата награда за литература две години подоцна. Негови познати дела се „Аутодафе“, „Бура и друго“, „Сатура“ и други.

Споделуваме негова песна,  во препев на Анте Поповски.

Сирија

Говореле старите дека поезијата

е искачување до бога. Можеби не е така

ако ме читаш.

Но, тоа го сфатив оној ден

кога преку тебе го најдов гласот, расфрлан

во стадо од облаци и кози

наведнати за да брстат трња и рогози,

а голите сртови

на сонцето и месечината се соединуваа.

Моторот беше расипан,

а крвавата стрела на карпата

го означуваше

патот за Алеп.

Напишете коментар