Skip to content

Болскот – Маја Малиновска

Воините ги оштрат ножевите во морето

Телевизорот се претворил во бура од титански грмежи

Потопот лази до нашите нозе

Од светов извлечен од утробата на смртта

Остануваат само грутка спомени.

Столетија крв ќе се отворат од кутијата на Пандора

Луѓето ќе си прилегаат повеќе еден на друг

Ќе станат поглупави, со плитка страст

Проѕирен ѕид ќе се појави за водење на последните битки

Помеѓу сенките, потчинети на круни

Ѕвезди водилки умирајќи ќе ги носат во безвременост

Безмилосно ќе паднат пред Луциферовиот рог

Во вечен оган ќе ги палат своите неизгаснати свеќи.

Луѓето ќе станат живи носечки Сизифови плеќи

Над чив грб коски ќе носат  полни занемени вреќи.

Занемете војни!

Нека блесне болскотот на подадената рака на мирот!

Напишете коментар