Градот убав пак ќе никне – Бошко Смаќовски
Бошко Смаќоски (18 септември 1938, Модрич, Струшко – 1998, Скопје) е македонски поет, раскажувач, романописец и драмски писател. Творештвото на Смаќоски е богато и разновидно и се состои од десетина стихозбирки, шест книги за деца, три збирки раскази, седум романи, четири романи за деца, книга со гатанки, повеќе телевизиски драми, радио-драми и радио-игри за деца итн.
Споделуваме една од неговите најпознати песни, химна на градот Скопје.
Градот убав пак ќе никне
Градот убав пак ќе никне,
 среде песни в дружен фат,
 пак ко сонце цел ќе бликне,
 како топол нежен кат.
Скопје младост ти ќе бидеш,
 Скопје ти ќе бидеш цвет,
 и ќе бидеш израз свиден,
 на сè братско в овој свет.
Покрај Вардар ќе се крене,
 ќе го буди детски вик,
 и ќе брои ново време, радост ќе му краси лик.
Скопје младост ти ќе бидеш,
 Скопје ти ќе бидеш цвет,
 и ќе бидеш израз свиден
 на сè братско в овој свет.

Вљубеник во книжевноста кој верува во светлината на зборот и на љубовта.

