Пладне е, а сé е сосем мрачно
и одвреме навреме наврапито црвено
на аголот од улицата која не постои веќе
смртта се војва како во своја куќа
Не е важно, јас го чекам божилакот
а божилакот е мојот љубовник
Љубовта се крие каде и да било
љубовта се наоѓа каде и да е
зошто љубовта е помлада од смртта
дури и да се родени во ист миг
На аголот од улицата која не постои
смртта си отиде пред малку
дотерана и подмладена сета
Не е важно, јас го чекам мојот мил
и сигурна сум дека денес нејзе
тој нема муштерија да ѝ биде.
Вљубеник во книжевноста кој верува во светлината на зборот и на љубовта.