Skip to content

Песна од македонскиот поет Блаже Петревски

Македонскиот поет Блаже Петревски – Ендемион, вчера се претстави на поетскиот фестивал во Келн. Автор е на две стихозбирки: ” Врвот дно” 2023 и ” Хипербореја” 2023. Дел од неговата поезија е застапена во меѓународната антологија со поезија на германски јазик.

Песната во прилог:

Крилат се тешам во мугри од татнеж

Кој нечујно се лее во стихов што ползи

Ко воскреснат полжав од куќарка света

Ѕиркам од око на луда комета

Опашот земјата ја камшикува цела

Ги кине соѕвездијата во нивните тела

Јас очаен шетам по врвната радост

Дожд во раце носам од идните бури

На потоп од стихој кои Хаосот го палат

И сите ветрови во зеница што жарат

Ги збирам во утро што го напушта денот

И секој пламен од минати дразби

Кој чувства пали со искра од мразот

И калфата негов на сводот што свети

Ме напушта трајно на ранливи пети

Исчезнува во мигот на вечноста кратка

Со крвава насмевка на устата од стакла

Заматена надеж на аскетска лудост

Сите сомнежи ги распламти и закла

Од древната мудрост на плоча од смеа

Стиховите испишани од светлина беа

Вековите што минат облечени во неа

По мене се дерат со времето што тече

Изгорено од лирика која в корен го сече

Јас сум почетокот сегашноста и крајот

Побратим на сонцето и чедо на сјајот

Кој гори во него од својот почеток

На растопен хаос и новороден свет

Таму вишнеам во овенат цвет

Крадам смоквин лист кој свеста ја плоди

Извор сум на океаните ураган во тие води

Напишете коментар