„International Poetry Contest For Montenegro“ се приближува кон крајот на втората сезона од поетскиот натпревар кој е насловен како „Прегрни ме со стих 2“. Идејниот творец на фестивалот „Zagrli me stihom“ и истоименото онлајн натпреварување е познатиот книжевник Расим Рале Гутиќ од Плав, кој во септември 2022 година со поддршка од универзитетските професорки др. Ане Марковиќ, проф. од Србија, др. Мирјана Марковиќ, проф. од Хрватска, мр. Наида Колониќ, проф од Босна и Херцеговина, проф. Софија Петковска од Македонија и проф. Елведина Темаљ од Црна Гора, кои воедно се и постојани членови на жирито, го формираше ова сјајно поетско натпреварување.
Најголем натпревар во областа на поезијата во Црна Гора
Тоа во меѓувреме надмина преку 2000 поети и писатели. Претставува најголем натпревар во областа на поезијата во Црнa Гора и целиот регион. На овие членови на жирито секоја нова сезона им се приклучува и победникот на претходната сезона како шести член од жирито. Оваа година таа чест ѝ припадна на поетесата Фатими Рамчиловиќ од Рожаје, победничка на првата сезона „Прегрни ме со стих“.
Да се потсетиме дека таа победи со песната „Песна за жената“, па за неа е изработена и плакета за која е задолжен Гутиќ. Оваа година покрај натпреварувањето во три категории (Категорија за најдобра песна во регионот / читатели, Категорија за најдобра песна од регионот / интернационален член во жирито и категорија за најдобра песна од Антологија), поминаа над 600 натпреварувачи од регионот и држави од ЕУ.
Највозбудливата категорија на натпреварот беше Категоријата најдобра песна од регионот / читатели каде победникот е добиен со собирање на 30% бодови од читателите и 70% бодови од интернационалното жири за оваа категорија. Член на жирито од Македонија за оваа категорија беше Мимоза Лазова, позната поетеса од Велес.
Антологија „Прегрни ме со стих“
Фестивалот оваа година направил уште еден огромен исчекор со кој ќе се печати Антологија „Прегрни ме со стих“. Посебното шесточлено интернационално жири за оваа категорија имаше задача од 250 песни кои пристигнале на конкурост да одбере 5 најдобри и да им додели бодови (20, 15, 10 и 5). Со собирањето на овие бодови сите шест членови на жирито добиен е победник во оваа категорија. Членот на жирито од Македонија за оваа категорија беше познатата поетеса Маријана Митревска, која воедно беше претседателка на жирито за оваа категорија.
Во главната категорија на фестивалот – Категорија на интернационалното жири, се бираше и најдобра песна во регионот. Во оваа категорија жирито гласаше со бодови (10, 20, 30, 40, 50, 60, 70, 80, 90 и 100). Победникот е добиен со собирање на бодовите од сите шест членови на жирито. Член на жирито од Македонија за оваа категорија беше Софија Петковска, позната поетеса од Скопје.
Круна на фестивалот ќе биде натпреварот: „ELITE“ кој ќе се одржи до крајот на декември. „ELITE“ е всушност СУПЕРФИНАЛЕ помеѓу 12-те најдобри од сите три категории (Категорија читатели, Категорија интернационално жири и Категорија Антологија).
Печатењето на антологијата „Прегрни ме со стих“ (Zagrli me stihom) ќе се случи на почетокот на наредната година. После тоа ќе се одржат неколку промоции, а завршната промоција ќе биде во Плав.
Новата сезона од поетскиот фестивал „Intenational Poetry Contest For Montenegro“ под наслов „ Zagri me stihom 3“ ќе почне во април следната година. Повеќе информации за фестивалот можете да добиете ако се обратите на следниот е-маил: [email protected], Zagrli me stihom или на фб профилот Poetry Contest Ralle.
Ова е една голема работа кој бара многу време, трпение и идеја во која јас, како идеен творец на фестивалот, членовите на жирито и координаторите работата волонтерски, истакнува Гутиќ. Не ми е жал ни за времето ни за работата бидејќи ние сме сега “бренд“ кој долго ќе трае, заклучува Расим Рале Гутиќ, идеен творец на овој сјеан поетски фестивал.
Расим Рале Гутиќ, роден е во Плав, Црна Гора. По струка е дипломиран Инжењер за заштита при работа. Покрај својата професија се занимава со новинарство, сценарио и режија. Член е на повеќе книжевни здруженија на Балканот каде своите трудови ги публикувал во над триесет заеднички книги.
Добитник е на повеќе награди и признанија за своите песни и приказни („Žad“, „Čore“, „Vrele noći Kaira“). До сега има публикувано седум книга: „Елма и врвот на иглата“, „Линија на животот“, „Цвет и прав“, „Вистини и легенди од минатото на Санџак“, „Син кармин“, Воочување на мултиетничоста во Плавско-гушинската котлина“ и „Со стих ти зборувам“.
Снимил два документарни филмови: „Линија на животот“ и „Мултиетничост во Плавско-гушинската котлина“. Идеен творец и основач е на „ International Poetry Contest For Montenegro“, најголемиот натпревар од областа на поезијата на Балканот и пошироко.
Блогирањето е важен дел од нејзиниот живот. Кафе, книги и музика ѝ се вечна љубов.