Фетон е син на Хелиј (бог на сонцето) и на океанидата Климена во грчката митологија.
Легендата за Фетон
Епаф, синот на Зевс, бил љубоморен на Фетон затоа што не можеше да го поднесе фактот дека синот на Хелиј, бил многу паметен и сјаел како татко му (името Фетон значи „блеска“ на грчки), па во една расправија му рекол дека е потомок на некој безвреден смртник. Фетон бил многу навреден од тие зборови, а притоа почнал да се сомнева дека Хелиј му е татко. Отишол кај Хелиј и го прашал дали тој е сигурно негов татко. Иако Хелиј му потврдил дека му е татко, Фетон не престанал да се сомнева, па Хелиј се заколнал во светата река Стикс дека ќе му ја исполни секоја желба за тоа да го докаже.
Желбата на Фетон била еден ден да ја вози златната кочија на татко му. Слушајќи ја желбата на својот син, Хелиј се исплашил и се обидел да го убеди Фетон дека тоа не е за смртници и дека е неискусен во припитомувањето на огнените и сјајни крилести коњи кои ја влечат колата.
Фетон не ги прифатил причините на татко му и бил категоричен во тоа да му се исполни желбата, а Хелиј поради заклетвата што ја дал морал да го исполни ветувањето, па ја симнал златната круна и накратко му објаснил како да ја вози кочијата.
Фeтон се качил на колата на Хелиј и почна да ја вози. Крилестите коњи почувствуваа дека не ги води познатата и цврста рака на Хелиj, па скршнале од секојдневната патека. Полетале многу високо, и како што се кревале во височините, земјата се смрзнала. Веднаш потоа се спуштале и паѓале надолу, така што пламените јазици ги зовреле реките, земјата се исушила и напукнала претворајќи се во пустина, шумите изгореле, па дури и портите на Адот се отвориле.
Гледајќи што се случува, Гаја му се заканила на Фетон и го повикала Зевс да го спречи понатамошното уништување на земјата, па Зевс испратил гром и Фетон паднал во бездната, во реката Еридан, каде што починал, но благодарение на ова, животот на земјата бил зачуван.
Хелиj, поради смртта на синот, бил неутешен во својата болка, па тој ден земјата останала без сонце, а поради загубата на нивниот брат, сестрите на Фетон, Хелиадите се претвориле во тополи, а од нивните солзи протекол килибарот. Зевс му дал на Хелиј лебеди кои ќе ја влечат неговата кочија наместо мртвите – уништени коњи.
Во 19 век, неговото име го дало називот на пајтонот (раскошна коњнска кола за превоз на патници со настрешница).
Вљубеник во книжевноста кој верува во светлината на зборот и на љубовта.