Skip to content

Јазикот- вредност беспрекорна! – Софија Величковска

Ви го честитаме меѓународниот ден на мајчиниот јазик, кој останува да биде беспрекорна безвременска универзална вредност, со оваа прекрасна песна на поетесата Софија Величковска.

Јазикот- вредност беспрекорна!

Каква цел имаш душата да си ја дадеш,
на јазикот свој да се предадеш,
да демнеш, да колнеш,
да плачеш и викаш,
а сепак со својот јазик ко ѕвезда да бликаш.
Чудна стара песна, а повторно нова,
тајна неизбледена, каква цел е ова?
Камен по камен, ред по ред,
сладок е нашиот јазик ко мед,
височини и ридишта недостапни,
нема да спречат да стигнеш
до замисли крупни.
Се што ќе ти покажам и кажам,
нема да те излажам,
јазикот е вредност беспрекорна,
те мачи и влегува во твојата сила разговорна.
Без него си како жена без насмевка,
без него си жална исушена тревка,
брод што тоне и море што ја губи бојата,
и така сигуро те впушта во агонијата.
Без него си како семката која не може да го изрти својот плод,
а со него си сонце со неговиот потполен сјај,
со него си живот исполнет со рај,
со него си песна испеана
на најубавиот можен начин,
со него потпалуваш вечен јазичен огин!

Софија Величковска

Напишете коментар