Skip to content

Љубовта нема години, таа постојано се раѓа

Љубовта нема години, ги спојува детските срца на старците

И ти се чини ќе те заспие во долината на Трнорушка за да оживее со своите трња

А ти си стар, веќе поминале годините ноќни со трепетни птици

Но љубовта се смее, таа е подарок на мигот, не на одминиловста

Кротко те милува со шепотот на желбите, со крвта на љубовниците

Го кине твоето битие и ти знаеш од неа не е никогаш доста

Зошто љубовта е љубов , таа постојано се раѓа

Секогаш кога една нова ѕвезда од небото паѓа,

И кога коските се распаднале од болка и на рацете ти израснале лаги

Таа неосетно доаѓа со убав розов божур да те спаси од заборавни саѓи

Ја буи твојата младост и ги отскрива твојте сништа,

Те носи во ненаселени месечеви милни краишта

И еве таму нема време, добрината е во прстите, убавината во зениците

Има пролет вечна и нема недореченост меѓу вљубениците

Љубовта е таму за живот доволна,  да ја победи твојта немоќ,

Доволна да ти ја стопли душата, само таа ја има таа волшебна моќ.

Напишете коментар