Skip to content

Заматено небо – Шарл Бодлер

Твојот поглед е матен – или е тоа привид?

Таинствените очи (зелени, сини, сиви?)

ту нежност, ту замечтаност, ту свирепост полни,

даваат одраз точен на небесата болни.

 

Ми личиш на денови со воздух бел и смлачен,

што го тераат срцето одеднаш да плаче,

кога непозната болка некоја ги гони

нервите до духот да се подбиваат сонлив.

 

Ти прилегаш напати на некој убав предел

што сонцето го открива во ден маглив, бледен…

Тогаш прекрасна наеднаш ти стануваш глетка,

навлажен крај што целиот под сонцето светка!

 

Опасна жено и вие, заводнички клими!

Ќе го сакам ли вашиот снег и вашите зими,

и ќе знам ли да извлечам од нивниот глечер

уживање што како мраз и железо сече?

Напишете коментар