Дали барам премногу
ако побарам убав збор?
Дали барам премногу
ако побарам кратка прегратка
и долг разговор
после напорен ден?
Дали барам премногу
ако побарам еден бакнеж?
Дали барам премногу
ако ја побарам твојата Љубов?
Ако тоа ти е премногу
те молам замини
онака како што дојде.
Тивко. Без глас…
Псевдоним: Заљубена-изгубена