Колку што солзите секави болат
Течејќи низ образи обагрени
Толку насмевката радува, угоре
Испратена кон бесконечноста
Черна, хармонично распослана
По космосот со центар во папокот
Се поврзуваме со врвцата на љубовта
Секави солзи секнаа за навек
Дур насмев продира без-рабен
Почнуваме да танцуваме врзани
Во центарот на светот
Сетне проткаја громови сабари
Создатели на новиот почеток
При крајот на минатото
Па велам сега и потоа
Едноставно,
НАСМЕВНИ СЕ! ЉУБОВ Е!
Љубител на зборот, надреално пишан и кажан. Кој спокој бара во несекојдневието и природата.