Skip to content

За неа

  • by

Лета се имаа нанижено

Дур ја чувствувам младоста

Крај столетни стројни ариши

Беше се родила песната

Создадена од ум слободен

Доена при ветрец аквилон

Слободна слободно пее

За животот, за мугрите

Крај кладенец на богомилот

Извира надежно и лукаво

Славејќи го денот на писанието

И зборот кон неа продолжува

За песната, надежта и младоста

Напишете коментар