Skip to content

Заплет

  • by

Како утрото весело темно, и ноќта мрзелива светла
Како свеќата што осветлува згасната во фоаје
Така желбите гладни, се дел од театарот на сенки
Со аплауз без публика, и претстава без подиум
Играме премиерно во драмата наречена… Живот
А таа тече без нем суфлер зад кулиси и текст томски
Колку ли е потребно само за пролог досаден
Дур заплетот го претркал епилогот, стар
Полетуваме в’ час и летаме без да се поместиме
Слободни со мисли, а на рацете окови тежат
Освојуваме светови невидени, дур раката
остава творби да говорат за драмата наречена Живот.

Напишете коментар