Ситните капки ги опколија прозорците
Ги измија
Извалкани од прашината на Сахара
И јас се прашував
Дали може душа да се измие
Со капка
Која се пие од утринска роса
Која се слева од планината Хермион
Да ги благослови сионските гори
И знам таква е милоста на Бога
Која дава живот
Секогаш само со зрак светлина
Ја носи утринската роса
И со секоја утринска молитва
Ја храни душата
Со капки од изворот на мудроста
И се мие
Со само една молитва се мие
Сѐ што требало да изгние.
Вљубеник во книжевноста кој верува во светлината на зборот и на љубовта.