Skip to content

Сина Птица на Чарлс Буковски

  • by

Хенри Чарлс Буковски (роден на 16 август 1920 во Андернах – 9 март 1994 во Сан Педро) — германско-американски поет, романописец и раскажувач. Неговото пишување било под влијание на социјалниот, културниот и економскиот амбиент на неговиот роден град Лос Анџелес.

Неговото дело се осврнува на обичните животи на сиромашните Американци, на чинот на пишување, на алкохолот, на односите со жени и на тешката работа.

Буковски напишал илјадници песни, стотици раскази и шест романи, објавувајќи над 60 книги. ФБИ чува досие за него како резултат на неговата колумна: „Белешки за валканиот стар човек“, во лондонскиот весник Open City. Во 1986 година магазинот Тајм го нарекол Буковски „лауреат на американскиот низок живот”.

Од неговата смрт во 1994 година, Буковски е предмет на голем број критични статии и книги за неговиот живот и списи, но неговата работа добила релативно мало внимание од академските критичари.

 

                                                                                               Рецитира: Мишо Ристовски

Напишете коментар