Ќе заврши и ова лудило.
Ќе заврши и целиот овај страв.
Ќе заврши и овај немир во луѓето.
Ќе заврши и трперот на раката,
болката во грбот,
крвавите очи,
преморот кој те заспива.
Ќе дојди и декември.
Ќе дојди и март.
Се ќе дојди,
само ова љубов нема да пројди.
Те чекам и сега,
ќе те чекам и тогаш.
Чувај се.
Имаш, кој да те чека.
Виктор Кадинец