Ти што се криеш во песните
и стиховите од страст преточени,
Ти што се криеш во соништата
и мечтите од бура исплетени,
Ти што се криеш зад цветовите
и росата утрински распослана,
Ти што се криеш сред толпата
и човекот чиишто раце се молат,
Ти не можеш да ја сокриеш љубовта
и пламените во очите што за мене ти горат.
Благица Ангеловска