Интимноста е способност за со друга особа да се оствари блискост, приврзаност и поврзаност. Поврзаноста се остварува низ полето на интелектуална размена (способност да се споделат мислите и идеите со партнерот), емоционална рззмена (да се изговорат чувствата и однесувањето да биде во склад со нив), сексуална поврзаност (способност да се разоткрие сопствената секусалност) како и на искуствено поле (размена на секојдневни искуства).
Повеќето луѓе барем еднаш во еден дел од нивниот живот трагаат за љубов и поврзаност со партнерот, но истовремено се плашат да бидат вистински сакани. Стравот од интимност се манифестира преку проблем на особата да воспостави приврзаност и поврзување со партнерот во емотивната врска. Особата која се бори со овој страв всушност не сака да биде сама и да избегнува односи, но на одредени начини може да ги оттурне од себе блиските луѓе или да го саботира партнерскиот однос така што сепак доаѓа до негов крај.
Ваквиот страв често се поврзува со несигурни обрасци на поврзување (атачмент) кој може да биде последица од запоставување или злоставување во период на детството, како и проблеми со блиските односи во текот на растењето (заминување на значајни особи, врсничко насилство, дисфункционало семејство итн). Како и кај другите стравови, начинот на надмиување на овој страв е преку соочување, искажување на сопствената вулнерабилност за да се активираат неактивираните сили на личноста.
Ранливоста и стравот од интимност не се исто т.е. особата може да биде подготвена да ја покаже вистинската слика за себе во светот, но да развие отпор или страв кога треба да влезе во блиски емоционални односи.
Од каде потекнува стравот од интимност?
Тој може да има корен во стравот од напуштање
Напуштањето можело реално да се одигра во периодот на детството од страна на родителите или други блиски особи. Односно се очекува повторување на ваквото сценарио и со партнерот. Напуштањето може да биде физичко или емоционално т.е. психолошко (депресија на родителите или друга психичка или физичка проблематика).
Страв од контрола, доминација и губиток на себе при влез во врска
Овој вид страв исто може да ги блокира блиските емоционални односи. Зголемената анксионозст или стравот од интимност може да биде дел од социјалната фобија или социјалната анксиозност.
Страв од осуда од страна на другите, страв од отфрлање, исмевање, страв од допир
Како дел од специфични фобии овие стравови може да се појават како дел од стравот од интимност.
Психолошки одбрани кои се одразуваат и низ самодоволност низ навиките кои се фокусирани на самечки живот
Како и на адаптацијата на животот кои не се одржливи во возрасниот период. Минатите искуства, посебно динамиката на односите со родителите и другите блиски особи влијаат на тоа како се бираат партнерите, како ги проценуваме луѓето на кои им се приблжуваме. Исто така и како се однесуваме во емотивните односи.
Фактори на ризик
Физички присутни, емоционално недостапни родители (примена порака дека детето не може да се потпре на родителот), губиток на родител (смрт, развод – страв од напуштање поврзан е со други ментални нарушување и потешко остварување на атачмент во возрасната доба). Хронична физичка болест на родителот ( порака дека детето мора да се потпре на себе, да зачекори порано во чевли на возрасен човек). Псхиичка болест на родителот влијае на поврзаснота на детето. Алкохолизам на едниот или двајцата родители или други болести на зависност, емоционално и вербално насилство (децата кои биле изложени на навреди и повреди на личноста тешко споделуваат со другите, чувствуваат зголемена ранливост во партнерските односи).
Од што всушност се плаши особата?
Зголемената анксиозност како последица на блискост (природна реакција која се случува кога сме вклучени во нешто до што ни е навистина важно), разбудување на тагата и повреденост која е поврзана со минатото. Потоа соочување со деидеализација на партнерот. Како и соочување и со реалноста која не е иста како во фантазијата, соочување со невозможноста од константен перфекционизам во односот, со разоткривање на сопствените слабости и маани. Страв од животните задачи кои се појавуваат со развој на партнерскиот однос (заеднички живот, брак, деца). Партнерскиот однос ги предизвикува старите стравови од напуштање, ја прави особата ранлива, а воедно повикувајќи ги нејзините потенцијали да дејствуваат.
Особата се наоѓа на непознат, нов терен поради кој може да се чувствува изложена на ризик. Реално
Стравот од разоткривање дека особата всушност не е вредна за љубов доаѓа од претераната самокритичност, од гласот на внатрешниот критичар кој особата ја третира како да не е доволно добра за да биде сакана.
Како да се надмине стравот од интимноста?
Со идентификување на обрасците на мислите и однесување
Преку согледување на историјата на партнерските односи: карактеристики и квалитети кои се бараат кај партнерот, кои негативните особини се повторуваат, дали одредени партнери се бираат само за да се потврди незадоволство и неуспех на партнерски врски или дали подлежат на генерализација и предрасуди? Дали партнерските односи често се завршувале од исти или слични причини?
Соочување со внатрешен критичар
Следниве прашања се клучни и да се прави разлика меѓу нив.
Што е глас од внатрешниот критичар? Кое е всушност моето мислење за врската, што говори внатрешниот критичар за мојот партнер? Што мислам за партнерот, што внатрешниот критичар мисли за врските, а што всушност јас мислам за врските?
На овој начин може да се стекне увид како внатрешниот критичар влијае на секојдневните врски.
Разоткривање деструктивни мисли и однесување кои партнерите можат да ги имаат еден кон друг
Отворено да се говори за мислите кои прават раздор во односот, но преземање одговорност за присуство на гласот на внатрешниот критичар.
Ограничување на фактори и луѓе кои негативно влијаат
Излегување од позната “лоша“ зона: ризикување, алтернативни огледала (пријатели, мрежа на поддршка).
Зајакнување на себе
Зајакнување во психолошка смисла, работа на сопствените силни страни. Верба дека повреденоста може да се надмине, нормализирање на болката како ризик која доаѓа од значајна емотивна врска, фокусирање на сопствена сила. Преку искрен разговор за силните и слабите страни кај двата партнери се постигнува консензус на каде ќе се развива односот и се намалува стравот од подвредување.
Контролирање на сопственото однесување
Препознавање на тригерот, разоткривање пред партнерот, прифаќање предизвици.
Поставување цели во партнерскиот однос во јасна временска рамка
Отворен разговор со партнерот околу заедничките идни планови, согледување на заедничките интереси и планирање на блиска и далечна иднина.
Советување со личности кои имаат позитивни искуства и се свесни за својот раст низ партнерството
Да се биде инспириран подеднакво и од позитивните, но и да се погледне поуката од туѓите негативни искуства.
Прочитајте ја и оваа поврзана статија за стравот од романтика.
Блогирањето е важен дел од нејзиниот живот. Кафе, книги и музика ѝ се вечна љубов.