Skip to content

Митот за Музите и планината Хеликон

Хеликон (антички грчки: Ἑλικών), или планината Хеликон, е планина во регионот Теспија во Беотија, Грција, славна во грчката митологија.

Извори на Хеликон

На Хеликон, има два извори свети за Музите: Аганипи и Хипокрин, и двајцата носат „коњ“ (ἵππος нилски коњи) во нивните имиња. Во сроден мит, изворот Хипокрин е создаден кога крилестиот коњ Пегаз го насочил копитот кон карпа, удирајќи го со таква сила што изворот пукнал од самото место. И на Хеликон се наоѓал изворот каде што Нарцис бил инспириран од сопствената убавина.

На поетите музите им влеваат божествена песна за да ги слават иднината и минатото. Среќен е секој оној кого музите ќе го засакаат, зашто тогаш изговорува најубави беседи и е способен да пее за славата на древните јунаци и пламените богови. Поетот им се обраќа на музите да му дадат инспирација и бесмртност, а филозофите ги молат за добри идеи.

Хесиод

Хесиод (старогрчки поет) кој живеел во близина на планината Хеликон, добивал често иснпирација од хеликонските музи.

Важно е да се напомене неговото дело  „Теогонија“ што го напишал околу 7 век или 8 век п.н.е. . Во ова дело, поетот детално ги наведува генеалогија на различните богови што се дел од митологија на Античка грција . Исто така, дава верзија за потеклото на универзумот.

Од Теогонијата на Хесиод (ll. 1-25)

„Славопој ај, да запееме за Хеликонските Музи!

Господарки што се навелја и пресвета Хеликон гора,

со кревките нозе крај синиот извор се вијат во оро

околу жртвени квишен на синот семоќен Кронов.“

Кои се Музите?

Тоа се митолошки суштества-грчи божици, 9 на број: Полихимнија, Клио, Мелпомена, Талија, Уранија, Ерато, Терпсихора, Еутерпа и Калиопа.

Музите се ќерки на Зевс и Мнемосина, божицата на паметењето, или на Уран и Геја.

Тие се водени нимфи, за нив се важни изворите.

Паузаниј тврди дека први три Музи („постари Музи“) се: Аоида („глас“), Мелета („вежба“; „прилика“) и Мнема („сеќавање“). После е придодадена уште и Арха. Во Делфи се почитувани како Нета, Меси и Хипата, што се наедно и имиња на трите жици на лирата.

„Помладите Музи“ се заштитнички на науката и уметноста:

Еутерпа („развеселување“)-заштитничка на музиката, лириката. Атрибут и е фрула двоеница или флаута. Нејзе некои ѝ го припишуваат изумот аулос (фрула), икако повеќето митографи велат дека аулосот е дело на Марсиј. Реката Стримон ја оплодила и го родила синот Рез (Rhesus) кого подоцна, според Хомеровата „Илијада“, го убил Диомед во Тројанската војна;

Калиопа („со убав глас“)- заштитничка на епската поезија и говорништвото. Атрибути ѝ се восочна плочка и молив или свиток хартија. Имала два сина- Орфеј и Линус со Аполон или со кралот на Тракија Аеагро. Била најстара и најмудра од Музите. Била судија во расправата помеѓу Адонис и Афродита и Персефона, давајќи ѝ на секоја да помине еднакво време со него. Го научила Ахилеј пеејќи да ги развеселува своите пријатели;

Клио („слава“)-заштитничка на историјата и јуначката поезија. Атрибути ѝ се свиток на папирус и ловоров венец. Клио го имала синот Хијацинт со Пир, кралот на Македонија. Според некои извори, била и мајка на Химен;

Ерато („милна“)-заштитничка на љубовната и химничната поезија. Атрибут ѝ е лирата или китарата. На главата често имала венец од рози. Ја прикажувале и две гулабици кои јаделе семенки на земја. Често е прикажувана и како држи златна стрела за да потсети на ерос, чувството кое сите ги инспирира и љубовта која штити. Поради тоа често ја придружувал Ерос. Ерато имала еден син, Азан, чиј татко бил Аркад, син на Калиста. Легендата раскажува дека им ги изумила лирските песни-химните-на боговите, поради што станала заштитничка на таквата лирика. На оние што ја следеле им подарувала љубов, а посебно им била наклонета на љубовните поети;

Мелпомена („пејачка“)- заштитничка на трагедијата. Атрибути ѝ се трагична маска и тркалест бршленов венец. Била прикажувана и со нож (често крвав) или палица или жезло во едната рака, а со маска во другата (или, пак, со трагична маска на лицето). На главата носи чемпресова круна или бршленов венец;

Полихимнија („богата со химни“- заштитничка на светата песна и химните, како и на реториката, а исто така и на агрикултурата и пантомимата. Атрибути ѝ се велот (превезот) и плаштот. Прикажувана е како сериозна и замислена жена која го држи прстот покрај устата, облечена во долг плашт и вел, а лакотот и почива на столб. Им донесувала слава на писателите на добри дела;

Терпсихора („уживањето на танцот“)-заштитничка на танцот и музиката, како и на хорската лирика. Атрибути ѝ се лира, цимбал, ловоров венец. Ќерка на Зевс и Мнемосина. Некогаш се смета со речниот бог Ахелој мајка на Сирените или Линусова мајка, заедно со Аполон;

Талија („цветна“)- ќерка на Зевс и Мнемосина, заштитничка на комедијата и буколиката (пастирска песна). Била сметана за божица на музиката, танцот и песната. Атрибути ѝ се комична маска, пастирски стап, бршленов венец;

Уранија („небеска“)- ќерка на Зевс и Мнемосина, заштитничка на астрономијата и астрологијата. Атрибут ѝ е глобусот. Прикажувана е како го држи во едната рака, а во другата има стап. Можела да ја пророкува иднината според разместеноста на ѕвездите. Облечена е во плашт проткаен со ѕвезди, а своите очи и вниманието ги насочува кон небесата. Заштитничка е на филозофите и на оние што се грижат за Рајот.

Уранија е и божица на небото, чие име се поврзува со богот на небото Уран.

Платон класичната поетеса Сафо од островот Лезбос ја нарекол „Десетта Муза“, поради својата слава и дарба.

Друга позната планина важна за музите е планината Парнас, која е исто така место каде се слави музиката, поезијата и науката. Оваа релација на планината со Музите понуди поттик за нејзиното поново „мистифицирање“, со поетско-уметничкиот тренд на 19 век наречен „Парнасизам“.

Прочитајте го Митот за Херакле, потеклото на името и задачите

Напишете коментар