Да ти приклештев два-три збора,
меѓу врвот на недоумието,
на челото и очите ќе ти оставев
жиг на немир.
Вкусна мелодија на зарипнат вокал,
ќе ја пееше песната во која јас преживуваав,
живеејќи во тебе,
а ти атрофираше,
како кукла во прашина.
И ќе ти порачав локум и кафе.
Топло, пресно,
мискојни да ширеше во ноздрите твои.
Влив во грло,
небаре излив на поглед ќе ми пратиш.
Лoкумот,
шербет да ти ја стори душата и тиха да бидиш
како укорена срна пред ловџија,
закована со пратен поглед на милостиња.
Мислам дека сè ти се сторив.
И битие во недопрена биднина.
И будност среде утро во дремка.
Само пердината те криеја од релативната спокој
на заморот и насмевот кој ми го даде
под маската на лицето.
Како потоната Венеција,
поплавена беше со себе.
А јас како Рим,
не се предавав пред своето право.
Сè додека еден ден не се видовме во Париз.
Ти под кулата со локум и кафе.
Јас како зарипнат вокал со песната наша.
Како Венеција и Рим,
ама во Париз.
Како шише со желба,
фрлено во Сена,
од виното кое го испивме,
таа луда ноќ.
Виктор Кадинец