Тони Морисон (вистинското име ѝ е Клое Ентони Вофорд) била родена на 18 февруари 1931, Лорен, Охајо, САД – 2019) е американска писателка. Добитничка е на Нобелова награда за литература во 1993 година за романите што се одликуваат со поетски талент и ја опишуваат суштествената страна на американската стварност. Прочитајте ги нејзините најпознати цитати во продолжение.
1. „Љубовта никогаш не е подобра од оној кој сака. Злобните луѓе љубат злобно, насилните луѓе љубат насилно, слабите луѓе љубат слабо, глупавите луѓе љубат глупаво, но љубовта на слободниот човек никогаш не е безбедна. Нема подарок за љубената. Само оној кој љуби ја поседува неговата подарена љубов. Љубениот е потпора, неутрализиран и замрзнат во сјајот на внатрешното око на неговиот љубовник.“
2. „Во центарот на таа тишина не беше вечноста, туку смртта на времето и толку длабока осаменост што зборот само по себе нема никакво значење.“
3. „Убаво e кога двајца возрасни си шепотат меѓусебно под чаршафите.“
4. „Тие се луди години, 25-тите, премногу сте стари за тинејџерски соништа, а премногу млади за да се средите.“
5. „Доколку има книга што сакаш да ја прочиташ, но сè уште не е напишана, тогаш мора ти да ја напишеш.“
6. „Ако сакаш да леташ, мораш да се ослободиш од сра*ата кои те влечат надолу.“
7. „Ние никогаш не го оформуваме светот – светот нè оформува нас.“
8. „Кога ќе ја добиете работата за која сте истренирани брилијантно, запомнете дека вашата вистинска работа е што сте слободни, а вие треба да ослободите некој друг. Ако имате малку моќ, тогаш вашата работа е да му дадете моќ на некој друг. Ова не е само обична игра.“
9. „Погледнете се себеси – вие сте слободни. Никој и ништо не е обврзан да ве спаси, освен вие самите. Не дозволувајте некој безначаен дечко и одреден злобен доктор да одлучи кои сте вие. Тоа е ропство. Некаде длабоко во вас се наоѓа слободната личност за која зборувам. Пронајдете ја неа и дозволете ѝ да направи нешто добро во светот.“
10. „Сите знаеја како ја нарекуваа, но никој никаде не го знаеше нејзиното име. Бидејќи беше заборавена и необјаснива, таа не можеше да биде изгубена. Никој не ја бара дури ни кога се таму, како ќе ѝ се обратат кога не го знаат нејзиното име?“
11. „Љубовта е исклучително прекрасна и секогаш тешка. Ако мислите дека е лесна вие сте будала. Ако мислите дека е природна вие сте слепи. Не заслужувате љубов без разлика на страдањето кое сте го поднесле. Не заслужувате љубов бидејќи некој ви згрешил. Не заслужувате љубов бидејќи ја сакате. Можете само да ја заслужите – со практикување и внимателно обмислување – имате право да ја изразите и да научите да ја прифаќате. Љубовта не е дар, таа е диплома.“
12. „Потребна е одредена интелигенција за да се љуби нежно и без поткрепа.“
13. „Не мора да ме сакаш, но мора проклето да ме почитуваш.“
14. „Смислете приказна… Заборавете го вашето име на улица, кажете ни што претставува светот за вас во темните места и на светлина. Не ни кажувајте во што да веруваме, од што да се плашиме. Покажете ни ги стравовите во кои верувате.“
15. „Животот и работата на писателот не се подарок за човештвото, тие се неопходност!“
16. „Јазикот нè штити од застржувачкиот страв без име. Јазикот е медитацијата.“
17. „Она што го сакате не можете никогаш да го изгубите.“
18. „Местото на кое можете да сакате кој и да го изберете каде не ви е потребна дозвола за копнеж, тоа место е слобода.“
19. „Никого не молете го за ништо, посебно не за љубов.“
20. „Секогаш сум ги набљудувала расизмот и расистичките навреди како нешто вредно за жалење кај таквите особи. Никогаш не ме погаѓаше. Секогаш тоа го сфаќав какодефект кај таквите луѓе.“
21. „Не постои раса. Ниту една. Постои само човечка раса – научно, антрополошки. Расизмот е конструкт, социјален конструкт.“
22. „Расизмот ќе исчезне кога повеќе нема да биде профитабилен и психолошки употреблив. А кога тоа ќе се случи, расизмот ќе исчезне. Но моментално луѓето заработуваат многу пари благодарение на него.“
23. „Секој рај, секоја утопија е обликувана со луѓето кои не се тука, луѓето на кои не им е дозволен влез.“
24. „Знам дека светот е во модрици и дека крвари, иако е важно да не се игнорира неговата болка, важно е да му се одолее на злото. Како и секој неуспех, хаосот содржи информации кои можат да водат до спознание – дури и до мудрост. Како уметноста.“
25. „Мажите не се непријатели. Непријател е концепт на патријархот, концепт на патријархот како начин на кој се управува со светот или начин на кој се дејствува.“
Прочитајте ги и цитатите за жените и убавината од убавата Моника Белучи.
Блогирањето е важен дел од нејзиниот живот. Кафе, книги и музика ѝ се вечна љубов.