Skip to content

Миг

Огнот распламтен,

робува на танцот твој

Ти, Синтијка неуморна

ја обликуваш вечерта

Создаваш стапки

на срцево гладно и лакомо

Те гледам

и не им верувам на очиве

Дал, си ти пратена

ил’ си создадена

Од длабочините

на универзумот одамнешен

Чувствувам

дека си дел создаден

за мене

Твојте диви коси

ги распламтуваат чакрите мои

Ме мачиш,

ти танцувачка творба на не овдешниот

Луташ со духот

по полјани неразбирливи

За овдешниот и сегашен народ

Која си ти

Од кои места непознати доаѓаш

Верувај!

Копнеам за мигот

кога двамата ќе го завршиме

танцот крај огнот

Напишете коментар