На 23 јули 1942 година во 21 часот и 10 минути, заедно со петмина свои другари е стрелан големиот поет Никола Јонков Вапцаров. Да се потсетиме на овој 23 јули на него со неговата бесмртна поезија:
Претсмртно
Безмилосна е борбата, и волчка.
И велат дека криела епичности.
Јас паднав. Ќе ме смени друг и: точка!
Што тука значи некаква си личност?
Рафал и смрт … а потоа си црв.
Тоа е толку логично и грубо.
Но, в луњата ќе сме пак со тебе
мој народе, бидејќи си се љубевме.
(препев: Гане Тодоровски)
Вљубеник во книжевноста кој верува во светлината на зборот и на љубовта.