Невидена леснотија на заминувањето – Елизабета Д. Лушин
Еден ден те изгубив
 во јаловата толпа!
 Во онаа во која меѓу милиони,
 со леснотија
 те наоѓав!
Те изгубив и во соништата…
 Во оние во кои
 солзите си ги пиевме,
 очите си ги вадевме
 и лудилото си го товевме!
И од утробата те изгубив!
 А празнината која остана да зјае,
 ниту ја забележав,
 ниту ја пополнив…
Изгледа најпрво
 во срцето сум те изгубила…
Затоа…

Блогирањето е важен дел од нејзиниот живот. Кафе, книги и музика ѝ се вечна љубов.

