Skip to content

Фама, грчката божица на лажните вести и гласини

Фама (латински: Fama) е ќерка на божицата на земјата Гаја, персонификација на лажни вести и гласини.

Митологија

Фамата почесто ја спомнуваат римските поети отколку грчките, а според нив таа била страшно пердувесто чудовиште со големи крилја и долги и брзи нозе. Имаше онолку јазици, очи и уши колку што имаше пердуви и никој не можеше да иѝпарира колку може да “надува“. Фама шири паника и им влева страв во коските на луѓето и ноќе и дење, а особено во поголемите градови.  Вергилиј вели за Фама: „Шири измислици и лаги, но и открива вистина… Хорациј за неа вели: „Шепоти гласини кои доаѓаат и си одат на непознато место…“

Фама живеела на рид, во висока тврдина без врати и прозорци во Атина. Таа беше отворена за сите страни за да можат нејзините помошници непречено да влезат во неа, отелотворени во измислени вести, судбоносни заблуди, неразумни радости, лековерност, ужас и страв. Фама до денес не исчезнала, од латинскиот се проширила на речиси сите европски јазици, а зборот „фама“ никому не му звучи непознато или туѓо.

Фaма – Одмаздољубива божица

Како и повеќето грчки божици, Фама одвреме-навреме им се одмаздуваше на оние што не ѝ се допаѓаа. Божицата не се двоумеше да лаже за да се одмазди. Фама започнуваше со шепотење гласини за нејзиниот непријател, а потоа постепено зборуваше се погласно и погласно. На крајот, нејзините лаги би предизвикале таков скандал што нејзината жртва ќе пропаднела. Можеби затоа почитуваниот грчки писател Хесиод ја нарекол Фама како „злобно нешто“ во неговата епска поема „Дела и денови“ од 700 п.н.е.

Прочитајте и за Митот за Митра, божество од зороастризмот кое било обожувано од Римјаните.

Напишете коментар