Еден ден, млад будист на патот кон дома стигнал до брегот на некоја широка река. Беспомошно зјапајќи во големата пречка пред него, со часови се думал како да најде начин да ја помине.
Само што решил да се откаже од понатамошниот пат, видел Голем учител на другата страна од реката. Младиот будист викнал колку го држи гласот:
„Мудрецу, можеш ли да ми кажеш како да стасам до другата страна на рекава?“
Учителот се подумал, ја изгледал реката убаво и му одговорил со викање: „Синко, веќе си на другата страна“.
Прочитајте го и судирот на две генерации.
Вечен вљубеник во хаосот, сопствената инспирација и сѐ она што површински не може да се види.