Легенда која е содржана во книгата од Ог Манидно „Најголемиот трговец на светот“ кој во неа напишал многу мудрости. Дел од мудростите се наоѓаат во десетте свитоци. Прочитајте ги во продолжение. Преземени се од Википедија.
Свиток 1
Денес започнувам нов живот. Денес ја отфрлам својата стара кожа, која предолго ги трпеше ударите на неуспехот и раните на просечноста. Денес повторно се раѓам во лозјето каде има овошје за сите. Денес ќе го оберам грозјето на мудроста од највисоката и најбогатата лоза во лозјето, зошто неа ја засадиле најмудрите во мојата професија кои дошле пред мене, генерација по генерација. Денес ќе го пробам вкусот на грозјето од оваа лоза и навистина ќе го проголтам семето на успехот, затворено во секое зрно, а новиот живот ќе никне во мене.
Свиток 2
Го поздравувам овој ден со љубов во срцето. Зашто ова е најголемата тајна на успехот во сите потфати. Мускулот може да го скрши оклопот и дури да го уништи животот, но само невидливата моќ на љубовта може да ги отвори срцата на луѓето. Додека не го совладам ова умеење, ќе останам само беден торбар на пазарот. Ќе направам од својата љубов најјако оружје и никој кого ќе посетам не може да се одбрани од нејзинита сила.
Свиток 3
Ќе истраам сè додека не успеам. На исток младите бикови испробуваат на одреден начин дали се подготвени за натпревар. Бикот се доведува во борилиштето и му се дозволува да го напаѓа пикадорот кој го прободува со копје. Храброста на секој бик тогаш внимателно се оценува според тоа колку пати, наспроти убодот на острицата, покажал волја за напад.
Свиток 4
Јас сум најголемото чудо на природата. Од памтивек немало ни еден со мојов ум, со моево срце, со моиве очи, со моиве уши, со моиве раце, со мојава коса, со мојата уста. Јас сум единственото суштество.
Свиток 5
Ќе го живеам овој ден како да ми е последен. А што ќе правам со овој последен скапоцен ден кој ми остана? Прво, ќе го затворам неговиот сад на животот, така што ни една капка да не капне на песокот. Нема да изгубам ниеден миг оплакувајќи ги вчерашните несреќи, вчерашните порази, вчерашните душевни болки, оти зошто да го фрлам доброто по лошото?
Свиток 6
Денес ќе бидам господар на своите чувства. Плимата надоаѓа, плимата опаѓа. Зимата поминува, летото доаѓа. Летото поминува, а студот се зголемува. Сонцето изгрева, сонцето заоѓа. Месечината е полна, месечината е млада.
Свиток 7
Ќе му се смеам на светот. Ниедно живо суштество не може да се смее, освен човекот. Во иднина ќе го негувам обичајот на смеењето.Ќе бидам среќен, ќе бидам успешен. Ќе бидам најголемиот трговец, кој светот било кога го видел.
Свиток 8
Денес стопати ќе ја зголемам својата вредност. Листот на црницата допрен од човековиот гениј станува свила. Полето со глина допрено од човековиот гениј станува замок.
Свиток 9
Моите соништа се безвредни, моите намери се прави, моите цели се неможни. Сето ова нема вредност доколку не ги следи работа. Јас ќе работам веднаш сега.
Свиток 10
Кој има така малку верба за во мигот на големата несреќа или душевна болка да не го повикал својот Господ? Кој ме повикал на помош во присуство на опасност, смрт или мистерија која го надминува неговото вообичаено искуство на разбирање? Од каде доаѓа тој длабок вкоренет инстинкт кој излегува од устата на сите живи суштества во мигот на опасноста?
Прочитајте ја и поучната приказна и грчката легенда за Филип и Демостен.
Блогирањето е важен дел од нејзиниот живот. Кафе, книги и музика ѝ се вечна љубов.