Денес се слави денот на писменоста и образованието. Образованието ни помага да бидеме изложени на нови идеи и концепти кои можеме да ги искористиме за да го цениме и подобриме светот околу нас и нашиот внатрешен свет. Образованието е алатка која ги урива сите бариери. Образованието е дел од темелот на секој напредок и раст, како на поединеци така и на општества. Сите работи се можни затоа што се може да се научи. Затоа, еве неколку моќни цитати кои ќе ви помогнат да ја цените моќта на учењето и стекнувањето на ново знаење.
„Умот кој еднаш бил просветлен, не може повторно да стане мрачен.“ – Томас Пејн
„Држава која не ги образува и подучува жените е иста како маж кој ја вежба само десната рака.“ – Јустен Гордер
„Знаењето ќе ви даде можност да направите промена.“ – Клер Фагин
„Корените на образованието се горчливи, но плодот е сладок. “– Аристотел
„Убавата страна на учењето е тоа што никој не може да ви го одземе.“ – Б. Б. Кинг
„Образованието е она што останува откако некој ќе заборави што научил на училиште. “– Алберт Ајнштајн
„Образованието не е подготовка за живот; образованието е самиот живот“. – Џон Дјуи
„Девет десетини од образованието е охрабрување“. – Анатол Франс
„Тогаш кога ќе научите да читате, ќе бидете слободни засекогаш.“ – Фредерик Даглас
„Образованието е способност да слушате речиси сè без да ги изгубите нервите или самодовербата“. – Роберт Фрост
Вљубеник во книжевноста кој верува во светлината на зборот и на љубовта.