Skip to content

Патоказ

  • by

Качив скалило, но нe видов дека

првото почнува од под земи

Скокнав високо, но нe видов дека

Скокнав удолу

Длабоко во зората рана

Каде

Фатив рипка златна крлушка

Но душата и беше црна

Бидна

Ми исполни минус три желби

Сега

Немам ниту идеја за трите

Патот кој го одев, кривулест беше

Молев за линијар и патоказ

Но глас не бидна во просторот нем

Викнав громогласно, но нe видов дека

Уста моли за молк и мир

Бидна

Патиките искинати продолжија и оставија

Да се присеќавам на она каде бев

Каде сега пловам и мечтаам за…

Напишете коментар