Додека ноќта паѓа и обвива сѐ
A подот буков подиум сторен e
Стариот стол станува почивалиште
Compay Segundo брилира со Chan Chan
Дур брезите пленат со елегантност
Ене ги ѕвездите се спремаат за шоу
До мене, друшки ми се…
Секачот, запалката, пурата
и книга стара
Нечујно, тивко, осамено почнува
Да ми ги милува усните
Нејната арома ме очарува
Со димот свилен ми раскажува
За Куба, Никарагва и полиња жолти
За револуција и колиби полни Вахироси
Опиен од сложеноста паѓам во транс
Заедно со последната строфа на ноќта
Љубител на зборот, надреално пишан и кажан. Кој спокој бара во несекојдневието и природата.