
Додека ноќта паѓа и обвива се’
A подот буков подиум сторен e’
Стариот стол станува почивалиште
Compay Segundo брилира со Chan Chan
Дур брезите пленат со елегантност
Ене ги ѕвездите се’ спремаат за шоу
До мене, друшки ми се…
Секачот, запалката, пурата
и книга стара
Нечујно, тивко, осамено почнува
Да ми ги милува усните
Нејната арома ме очарува
Со димот свилен ми раскажува
За Куба, Никарагва и полиња жолти
За револуција и колиби полни Вахироси
Опиен од сложеноста паѓам во транс
Заедно со последната строфа на ноќта