Како стари клавиши бели
Како драми недовршени
Минуваа денови и лета
Лузните говорат за сето тоа
За животот живеен до,
последен секунд…
Срце налик сложувалка
Имам!
Ум, на чуден мудрец
Говори за мориња и хоризонти
Дур стапала оставаа траги
Пеперутки биднаа обновени
Рани се беа излечиле
При пролет расцутена
Љубител на зборот, надреално пишан и кажан. Кој спокој бара во несекојдневието и природата.