Живееме во свет исполнет со многу стрес. Поради тоа никогаш не било поважно да се поттикне емоционалната и менталната отпорност кај децата.
Ментално јаките деца не само што се подобро подготвени за сопствено решавање идни проблеми, туку истражувањата покажале дека поверојатно е дека тие ќе бидат поангажирани на училиште и во иднина на работно место.
На родителите нема да им биде лесно, но избегнувањето на овие највообичаени грешки може да помогне. Прочитајте ги во продолжение следните „грешки“ и обидете се да ги избегнувате ако сте родител.
1. Го учите вашето дете да ги потиснува емоциите
Децата мора да знаат дека е здраво да ги изразуваат и да зборуваат за своите емоции. Кога родителите ќе им кажат на своите деца нешто слично на ова: „немој да бидеш толку тажен поради тоа“ или „не е важно“, испраќаат порака дека чувствата не се важни и дека подобро е да се потиснат.
Ако вашето дете се плаши за време на грмење, на пример, размислете за тоа и кажете на пример: „Знам дека си исплашен/а“. Потоа прашајте што би помогнало за детето да се чувствува подобро. На овој начин ги учете дека сами управуваат и излегуваат н крај со емоциите.
2. Секогаш го штитете од неуспех
На родителите секогаш им е тешко да гледаат како нивното дете се бори со предизвиците кои тие би можеле лесно да ги решат.
Но размислувајте на овој начин: Ако вашето дете не е баш добро во училиште нему суштински нема да му помогнете ако му го кажете одговорот на задачата. Во училиште тоа ќе мора само да ги решава тестовите.
Неуспехот е голем дел од успехот. Ако на децата не им се даде шанса да ги научат лекциите што доаѓаат со неуспехот, никогаш нема да развијат упорност која им е потребна за да се подигнат после неуспех.
3. Премногу му угодувате
Едно истражување покажало дека кога на своето дете му го давате тоа што го сака, тоа пропушта да развие вештини поврзани со ментална сила како што е самодисциплината.
Сигурно сакате вашите деца да израснат знаејќи дека можат да го постигнат она што го сакаат – ако работат на тоа.
Родителите можат да ги научат своите деца на самоконтрола со поставување јасни правила за нештата како што се завршување на домашна задача пред играње игри.
4. Од него очекувате совршенство
Природно е да сакате вашето дете да има големи цели и да биде најдобро во сè. Но така работите не функционираат. Поставувањето превисоки цели може да доведе до пад на неговото самопочитување и проблеми со доверба подоцна во животот.
Изградете ментална сила кај своето дете така што ќе бидете сигурни дека очекувањата им се реални. Само немојте да го критикувате и да направите да се чувствува несигурно кога грешава. Како што можете да работите на градење на неговата ментална сила, погрижете се да се засака самото, да има самодоверба. Вие со вашето однесување и воспитување сте клучен фактор во градењето на неговата слика за себе.
5. Внимавате секогаш детето да се чувствува пријатно
Постојат многу нешта поради кои детето може да се чувствува непријатно. Посебно кога треба да прави нешто ново – да проба нова храна, да создава нови пријателства, да тренира нов спорт или да се сели во нов дом или училиште.
Но баш како и неуспехот, прифаќањето на непријатните ситуации може да ја зајакне менталната сила. Поттикнувајте ги децата да испробуваат нови работи. Помогнете им да започнат, бидејќи тоа е најтешкиот дел. Кога еднаш ќе го направат првиот чекор, ќе сфатат дека не е толку тешко ниту страшно како што мислеле дека ќе биде – и дека можеби се одлични во тоа!
6. Не поставувате граница родител – дете
Сакате вашите деца да донесуваат сопствени одлуки, но исто така мора да знаат дека вие сте „шеф“. Децата кои се ментално силни имаат родители кои ја разбираат важноста на границата и доследноста.
Преговарање за правилата може да доведе до „борба за власт“ помеѓу вас и детето.
Направете ја јасна границата, но не бидете премногу строги ниту премногу попустливи. Мерата е во сè добра, ако се почитуваат јасно донесените и договорените правила.
7. Не се грижите за себе
Колку човекот е постар толку е потешко да ги одржува здравите навики. Но, ако сакате вашите деца да изградат здрави навики, вие треба да се грижите за себе и да им претставувате позитивен пример. Гледајќи ве вас, ќе сакаат да го прават она што и вие. Учете ги на здрави навики од мали нозе. Навиките доколку се добро утврдени остануваат да траат цел живот доколку се повторуваат и негуваат.
Дознајте и како да правите разлика помеѓу страв, фобија и анксиозност кај децата.
Блогирањето е важен дел од нејзиниот живот. Кафе, книги и музика ѝ се вечна љубов.