Литература Препораки за читање

Во потрага по Алјаска од Џон Грин како предлог книга за претстојната седмица

,,Во потрага по Алјаска” од Џон Грин, е совршена книга како за почеток на седмицата. Запознајте се накратко со содржината што се крие во оваа книга.

Претходно

Мајлс „Буце“ Халтер има крајно здодевен живот. Тој нема пријатели, неговите денови се празни, а единствена занимација што ја има му е опсесијата со последни зборови на познати луѓе. Но, сето ова се менува кога заминува да учи во училиштето со интернат – Кулвер Крик. Неговиот живот станува тотална спротивност на здодевен и безбеден. А таму ја запознава и прекрасната, откачена Алјаска Јанг. Таа е паметна, убава, смешна и бескрајно фасцинантна – таа е девојката која го повлекува Буце во својот свет, а притоа го краде и неговото срце.

Потоа

Ништо никогаш повеќе нема да биде исто.

„Убавината на оваа книга лежи во тоа што таа не крие ништо. Ги прикажува младата љубов и растењето во реално, брутално и искрено светло. Можеби нема да наполните кофи со солзи како на крајот од Светот не е фабрика за исполнување желби, но ќе се приврзете за Мајлс и Алјаска, исто како што тие се приврзуваат еден за друг.“

Прочитајте го и овој предлог за книга.

Similar Posts

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

WP Twitter Auto Publish Powered By : XYZScripts.com
Крајбрежје