Вие не можете да ги принудите работите за да ви се случат во животот.
Не можете да натерате некој друг да се заљуби во вас.
Не можете да присилите да добиете повеќе пари и да одите на тоа патување што го планиравте со месеци.
Но, она што можете да направите е да престанете да сожалувате самите себеси и да ја зграбите секоја можност која ќе ви се најде на патот.
Никогаш не ја потценувајте моќта на новите пријателства, забави, театарски претстави, планинарски прошетки или ново хоби.
Тие работи можат да ве подигнат од дупката во која имате психички западнато.
Бидејќи тие работи ги шират вашите хоризонти и ве прават да уживате во вашето време овде на Земјата.
Сè ќе си дојде на свое место
Понекогаш, кога најмалку очекувате, сите парчиња од сложувалката што недостасуваат ќе дојдат на свое место. Без напор
Најдоброто нешто што треба да направите е да почекате, да подзабавите и добро да го искористите времето. Подобро одвојте време да откриете што е тоа што навистина го сакате пред да изгубите сè друго обидувајќи се да бркате цели наметнати од општеството.
Цели кои не се нужно ваши. Време, кое не е нужно ваше, а сепак го бркате за да се вклопите
Заради усогласување со очекувањата и стандардите на другите луѓе не треба да го жртвувате исполнувањето на целите.
Живејте го животот како што сакате да го живеете и во случај сè уште да не сте ги исполниле сите ваши соништа, немојте тоа да ве вознемирува.
Вие не заостанувате. Сите одиме по различен пат и нашите животни настани не можат да се синхронизираат. Мислам, само затоа што секој ваш пријател е во врска или е во брак или има деца, не значи дека треба да брзате да ги правите и тие работи.
Девојка со борбен дух. За неа откажувањето не постои како опција.