Литература Мисли и цитати

15 убави мисли за есента кои ќе ве натераат да гледате поинаку на ова годишно време

Есента пред три дена официјално пристигна и во календарот ја зазеде водечката позиција меѓу годишните времиња. Луѓето имаат поделени мислења околу ова годишно време. Некои го обожаваат и му се радуваат. Додека другите жалат што поминало летото, а заедно со него и топлите денови, сонцето и долгото траење на денот. Ние би рекле дека секое годишно време има своја убавина.

Прочитајте ги во продолжение некои од најубавите мисли за есента што ги избравме за денес.

1. „Есента е втора пролет каде секој лист всушност е втор цвет.“ – Алберт Ками (Albert Camus)

2. „Среќна сум што живеам во свет во кој постои месец октомври.“ – Л.М. Монтгомери (L. M. Montgomeri)

3. „Би сакал да можев да бидам есенски лист кој го гледаше небото и живееше. А кога ќе дојде времето да си оди, знаеше дека животот бил дар.“– Додински (Dodinsky)

4. „Кога годините би можеле да се сместат во час, есента би бил волшебен час.“ – Викториа Ериксон (Victoria Erickson)

5. „Есен е годишно време кога наоѓаме мир дома, поклонувајќи внимание на она што веќе го имаме.“ – Непознат автор

6. „И сонцето се повлече, лисјата сами по себе се успаа, а есента се разбуди.“ – Ракел Франко (Raquel Franco)

7. „Го чувствувам мирисот на есента кој танцува на ветрето, слаткоста на тиквите и шушкањето на сувите лисја.“ –  Ен Дрејк (Ann Drake)

8. „Ги сакам лисјата на ветар. Ве молам, воздржете се од аплауз до крајот на танцот.“ – Џеред Кинц (Džered Kinc)

9. „Како преубаво стареат лисјата. Како целосната светлина и нивната боја да се последни денови.“ – Џон Бароуз (John Burroughs)

10. „Есента е најтешко годишно време. Лисјата паѓаат како да се заљубуваат во земјата.“ – Андреа Гибсон (Andrea Gibson)

11. „Април никогаш премногу не ми значел. Ми се чини дека есента е таа која е почеток на пролетта.“ – Труман Капоти (Truman Capote)

12. „Две звуци во есен се непогрешливи…Забрзано шушкање на лисјата во воздухот на улица и гукање на гуските што се селат, пробивајќи се низ силниот ветер.“ – Хол Борланд (Hal Borland)

13. „Како што на сликарот му е потребно изедначено светло за да ги додаде завршните линии на својата слика, така и мене ми треба смирувачко светло кое никако не може да ме засити во есен.“ – Лав Н. Толстој (Leo Tolstoy)

14. „Боите во есен се многу смешни. Толку си светли, интензивни и убави. Како природата да се обидува да нè наполни со боја, да нè засити, да ни направи залихи за зимата, која сè ќе замолкне.“ – Вивијан Сајобан (Vivijan Sajoban)

15. „Есента е доба на зрелоста, а она што го губиме во цвеќето уште повеќе го добиваме во овошјето.“ – Семјуел Батлер (Samuel Butler)

Прочитајте ги и следниве мисли за обеазованието!

Similar Posts

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

WP Twitter Auto Publish Powered By : XYZScripts.com
Крајбрежје