На една улица се движеле мајка и дете. Момчето во рацете носело колач. Дошле до една питачка покрај која седело валкано момче во преголема облека. Момчето со колачот ја погледнало мајка му и таа во неговиот поглед прочитала дека тоа сака да му го даде на детето питач. Климајќи со главата му дозволила. Момчето му го дало колачот на својот парталав врсник и продолжил да оди покрај мајка му.
Некој случаен минувач посматрал, па на жената ѝ дофрлил:
– Сега ќе му купите уште поголем колач, зарем не?
– Не (одговорила таа мирно).
– Зошто не?
– Бидејќи оној кој дарува се одрекува.
Прочитајте ја и кратката приказна за патување на небото.
Блогирањето е важен дел од нејзиниот живот. Кафе, книги и музика ѝ се вечна љубов.