„Како можам да дадам кога немам ништо“? Оваа кратка приказна би требало да ни покаже што воопшто значи да се биде сиромашен.
Еден сиромашен човек го прашал Буда:
– Зошто сум толку сиромашен?
Буда одговорил:
– Сè уште не си научил да даваш.
– Како можам да давам кога немам ништо?
Буда му одговорил: „Имаш неколку работи.“ Почнал да ги набројува:
– Лице со кое можеш да дадеш насмевка,
– Уста со која можеш да им дадеш мудрост и утеха на другите,
– Срце кое можеш да го отвориш за другите,
– Очи со кои можеш да го набљудуваш доброто во другите.
– Тело кое можеш да го употребиш за да им помогнеш на другите.
Ние всушност воопшто не сме сиромашни, вистинско сиромаштво е сиромаштвото на духот.
Прочитајте ја и кратката приказна за тишината.
Блогирањето е важен дел од нејзиниот живот. Кафе, книги и музика ѝ се вечна љубов.