Драги учесници пристигнаа и долгоочекуваните резултати. Ви благодариме за трпението и за сите испратени дела. Беше задоволство да ве читаме, а во знак на благодарност деновиве ќе излезе и е-зборникот со сите ваши дела собрани на едно место. Ќе биде публикуван онлајн и сите ќе имаат пристап до него.
Беа пристинати вкупно 31 есеј на конкурсот.
Бидејќи беа испратени литературни творби од најразлични возрасти, ние направиме 2 категории: за пристигнати дела на учесници со ментори (под 18 години) и на учесници што испратиле есеј без ментор (над 18 години).
Во двете категории има по три најдобри есеи. Жирито преку бодување ги даде своите гласови, а потоа се формираа конечни оцени за сите пристигнати есеи. Меѓу учесниците имавме и автори чијшто мајчин јазик не е Македонскиот. Ни пристигнаа дела и од Србија, Босна и Херцеговина, како и од повеќето градови од нашата држава.
Во продолжение ги претставуваме шестте најдобри кои добија најмногу гласови:
I Категорија на учесници со ментори:
Прво место – Елмин Елези
Второ место – Марија Мишева
Трето место – Ана Трпевска
II Категорија на учесници со над 18 год.:
Прво место – Јована Матевска Атанасова
Второ место – Маид Чорбиќ
Трето место – Гордана Каракашeвска
Ќе ги објавиме нивните есеи во теков на денот.
Ви благодариме на сите за покажаниот интерес за учество, во текот на утрешниот ден ќе ги објавиме и сертификатите и благодарниците за учество што ќе ги добиете сите.